Бајден и Путин ја завршија првата рунда разговори во Женева

Од:

Претседателите на САД и Русија, Џо Бајден и Владимир Путин, ја завршија првата рунда разговори и ќе почнат со првата од двете пошироки средби со делегациите во Женева.

Самитот во швајцарскиот град го следат огромен број новинари, на кои тешко може да им избега некој детаљ од заедничкото појавување на двајцата лидери. Така, Белата куќа денеска мораше да објаснува што значело благото климање со главата на Бајден на почетокот на средбата. Според Белата куќа, Бајден со потегот не мислел да одговори на новинарско прашање за тоа дали му верува на Путин, кое беше поставено во тој момент, .

На првиот круг состаноци, кој траеше околу 90 минути, Бајден и Путин денеска разговараа во присуство на американскиот државен секретар Ентони Блинкен и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и двајца преведувачи.

Планирани се два пошироки состанока попладнево, кога на двајцата лидери ќе им се придружат дополнителни помошници.

Од американска страна, на продолжената средба треба да присуствуваат советникот за национална безбедност Џејк Саливан, заменик државниот секретар за политички прашања Викторија Нуланд, амбасадорот на САД во Русија, Џон Саливан и експертите на Советот за национална безбедност за Русија, Ерик Грин и Стергос Калудис.

Во руската делегација се Лавров, советникот за надворешни работи на Путин, Јуриј Ушаков, заменикот на Лавров, Сергеј Рјабков, началникот на Генералштабот на руската армија, генерал Валери Герасимов, рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов, како и пратениците на Кремљ за Украина и Сирија и портпаролот на Путин, Дмитриј Песков.

Се очекува Самитот вкупно да трае четири до пет часа, по што лидерите ќе одржат одделни прес-конференции.

Би можело да ве интересира

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“

На Путин му беше врачен претседателски сертификат: ЦИК ја потврди неговата победа на изборите

Путин: Никогаш не се откажавме од мирното решавање на споровите со Украина

Бајден е горд на проширувањето на НАТО до границите со Русија