Бајден и Меркел: Германија и САД заеднички ќе се спротивстават на руската агресија

Од:

Американскиот претседател Џозеф Бајден по средбата со германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека двете земји нема да отстапуваат од демократските принципи и универзалните човекови права, спротивно на потезите на Кина.

– Германија и САД заеднички ќе се спротивстават на руската агресија, рече Бајден.

На почетокот на своето обраќање, американскиот претседател изрази сочувство за последиците од поплавите во кои загинаа и исчезнаа десетици луѓе во Германија и неколку европски земји.

Бајден рече дека ја пренел својата загриженост до германскиот канцелар заради изградбата на гасоводот „Северен поток 2“.

-Добрите пријатели не мора да се согласуваат за се, рече американскиот претседател.

САД тврдат дека проектот ја загрозува европската енергетска безбедност, бидејќи тоа подразбира потпирање на континентот кон руски гас, што може да му овозможи на Кремљ да изврши притисок врз одредени земји во Источна и Централна Европа.

Ангела Меркел посочи дека двете земји се за слободни демократски општества, зборувајќи за германскиот и американскиот став кон Кина.

-Начините на кои се справуваме со Кина се засноваат на вредностите што ги споделуваме со САД. Ние споделуваме меѓусебно разбирање дека Кина е наш конкурент, рече Меркел.

Во врска со проектот за гасоводот „Северен поток 2“, канцеларката Меркел рече дека тоа е тема на која двете страни, како што рече, имале различни проценки.

– Нашите ставови се разликуваат. Германија ја смета Украина за транзитна земја, рече германскиот канцелар.

Таа исто така посочи дека успешната борба против пандемијата значи најголем можен број на вакцинирани граѓани во обете земји. Германија, додаде таа, е исклучително задоволна од враќањето на САД во Парискиот климатски договор.

Би можело да ве интересира

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“

Бајден е горд на проширувањето на НАТО до границите со Русија

ВИДЕО: Бајден го нарече пристапот на Нетанјаху кон војната во Газа „грешка“

Катерина Ѓуровски

Бајден се закани, Нетанјаху дозволи кордори за влез на помош во Газа

Бајден: Да ја заштитиме Украина од месарот Путин