Бајден и Харис тргнуваат на турнеја за да го промовираат новиот пакет државни мерки за помош на стопанството

Од:

Претседателот Џо Бајден со тим од советници ќе замине на турнеја низ САД за да им ги пренесе на Американците поволностите од штотуку одобрениот нацрт закон за помош на економијата вреден 1.9 трилиони долари.

Нацрт законот ги помина сите филтри во Конгресот и утре ќе биде потпишан од претседателот. Кампањата за промоција на законот ќе започне со церемонија на самото потпишување.

Потоа, Администрацијата планира турнеја за објаснување на пакетот мерки за помош на САД, еден од најголемите во историјата на земјата и прва победа на претседателот по неговото стапување на функција во јануари.

Од Белата куќа синоќа соопштија дека Бајден идната недела во вторник ќе ја посети Пенсилванија, а потпретседателот Камала Харис заминува во западниот дел на САД, каде во понеделник и вторник ќе сврати во Калифорнија, Колорадо и Невада.

Големината на пакетот одобрен од демократското мнозинство во Сенатот и Претставничкиот дом на Конгресот, беше причина за тоа тој да не добие ниту еден глас од републиканците, иако доби широка поддршка од јавноста.

Според нацрт законот, милиони семејства ќе добијат еднократна исплата од 1.400 долари по човек (на пример, четирчлено семејство со две деца под 21 годишна возраст, доколку се наоѓаат во даночната пријава на родителите, може да добие вкупна исплата од најмалку 5.600 долари). Потоа, законот ја продолжува исплатата за невработеност која сега е намалена на 300 долари неделно, се насочуваат милијарди долари во буџетите на сојузните држави и стопанството, милијарди долари за вакцинација, откако пандемијата однесе над 526.000 животи во САД и остави милиони без работа.

Набљудувачите сметаат дека со кампањата за промоција, Бајден смета дека популарноста на законот не е нешто што се подразбира само по себе.

Демократските стратези како Џошуа Карп се убедени дека на демократите им е важно „да отидат и раскажат што прави овој закон и на кого му помага“.

Бајден смета дека постои реален повод за тоа, „повод за надеж“ како што истакна вчера.

Се планира голема медиумска кампања со вклученост на локалните телевизии и мобилизација на повеќе од 400 градоначалници и гувернери со дискусии за значењето на тој план за нив и за локалните жители.

Репбликанците пак, тврдат дека Бајден и демократите не се ни потрудиле да направат сериозни напори за прифаќање на нивните барања. Според нив, избирачите ќе бидат огорчени од големината на расходите предвидени во нацрт законот, што може да повлече раст на дефицитот

Некои, како Лиз Чејни, трет лидер во хиерархијата на републиканците во Претставничкиот дом, укажаа по којалинија треба да оди нападот на нејзината партија. Според неа, само мал дел од тие 1.9 трилиони долари се насочени кон борба со коронавирусот, и предупреди дека тоа може да предизвика зголемување на даноците.

Би можело да ве интересира

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност