Бајден и Фон дер Лајен согласни дека и Западен Балкан е прашање од заеднички интерес

Од:

Американскиот претседател, Џо Бајден, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера се согласија да се координираат за прашањата од заеднички интерес, вклучувајќи го и прашањето на Западен Балкан.

Во телефонскиот разговор со шефицата на европската Влада, американскиот претседател ја истакна неговата поддршка за Европската унија и неговата посветеност за подобрување и заживување на партнерството САД-ЕУ, се наведува во соопштението на Белата куќа, додавајќи дека двајцата лидери се согласиле на четири месеци да ги суспендираат тарифите за споровите во Светската трговска организација и да работат на нивното решавање, пренесе „Гласот на Америка“.

„Лидерите разговараа и за важноста на тесната соработка меѓу САД и ЕУ во справувањето со пандемијата од Ковид-19 и зајакнувањето на глобалната здравствена безбедност, постигнување одржливо глобално економско закрепнување, справување со климатските промени и зајакнување на демократијата. Исто така, тие се согласија да се координираат за прашањата од заеднички интерес, вклучувајќи ги Кина, Русија, Белорусија, Украина и Западен Балкан“, се заклучува во соопштението.

Од својот прв ден во Белата куќа Бајден најави продолжување на односите со европските партнери и враќање на мултилатералната дипломатија.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски