Бајден го потпиша „Планот за спас на Америка“ вреден 1.9 билиони долари

Од:

Претседателот на САД Џо Бајден денеска го потпиша нацрт законот за пакетот помош за американската економија во висина од 1.9 билиони долари, наречен и „План за спас на Америка“.

На церемонијата на потпишувањето присуствуваше и потпретседателката Камала Харис.

Вчера, Претставничкиот дом ја изгласа финалната верзија на законскиот проект, откако Сенатот изврши ревизија со повеќе поправки.

Претходно се соопшти дека претседателот планира да го потпише нацрт законот во петок, но сепак тоа се случи ден порано. Набљудувачите сметаат дека советниците и претседателот се свесни дека Американците со ниски и средни примања очајно ги очекуваат и овие, последни директни исплати, па затоа решението да се дејствува брзо.

Законот се смета за голема политичка победа на Бајден.

-Овој историски закон е за обнова на р’бетот на земјава и давање шанса за борба на луѓето, работните луѓе, средната класа народ, оние кои ја градат оваа земја, изјави тој на потпишувањето.

Рон Клјан, шеф на кабинетот на претседателот, истакна дека иако потпишувњето се случува ден порано, „ние ќе го одбележиме со прослава во петок, како што е плнирано, со конгресните лидери“, јави Њујорк тајмс.

Потоа, Администрацијаа планира турнеја низ земјата во американската провинција, во обид да ја претстави и објасни иницијативата. Од Белата куќа соопштија дека Бајден во вторник ќе ја посети Пенсилванија, а потпретседателката Харис заминува на запад, каде во понеделник вторник ќе направи запирања и средби во Калифорнија, Колорадо и Невада.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски