Бајден го обвини Трамп дека претставува континуирана закана за американската демократија

Од:

Претседателот на САД, Џо Бајден го обвини неговиот претходник Доналд Трамп дека претставува континуирана закана за американската демократија во говор на годишнината од смртоносниот напад врз американскиот Капитол од поддржувачите на Трамп кои се обидоа да го поништат неговиот изборен пораз во 2020 година.

Зборувајќи во зградата каде што се случија немирите на 6 јануари 2021 година, Бајден предупреди дека лажните тврдења на Трамп дека изборите му биле украдени преку широко распространета гласачка измама може да го разоткрие владеењето на правото и да ги поткопа идните избори.

– Мораме да бидеме апсолутно јасни за тоа што е вистина, а што лага. Еве ја вистината: Поранешен претседател на САД создаде и шири мрежа од лаги за изборите во 2020 година. Тој го направи тоа затоа што ја цени повеќе моќта отколку принципите, нагласи Бајден.

-Пред една година на денешен ден на ова свето место беше нападната демократијата. Едноставно нападната. Волјата на народот беше нападната. Уставот, нашиот Устав, се соочи со најголеми закани.

Бајден додаде дека „за првпат во нашата историја еден претседател не само што ги загубил изборите, туку се обидел да спречи мирен трансфер на власта“. Бајден го осуди Трамп затоа што ги гледал немирите на телевизија „и не правел ништо со часови“.

Според анкетата на Ројтерс/Ипсос, околу 55 отсто од републиканските гласачи веруваат во лажното тврдење на Трамп, кое беше отфрлено од десетици судови, државни изборни оддели и членови на администрацијата на Трамп.

Четири лица загинаа во повеќечасовниот хаос, додека еден полицаец почина еден ден подоцна, а четворица подоцна се самоубија. Повредени беа околу 140 полицајци.

Би можело да ве интересира

Трамп: Среќен Денот на благодарноста и на радикалните левичарски лудаци кои ја уништуваа земјата

Бајден ќе присуствува на инагурацијата на Трамп

Обвинителите се откажаа од случајот против Трамп поради напорите за поништување на изборните резултати

Трамп планира да ги исфрли сите трансродови луѓе од војската на првиот ден на функцијата пишува „The times“

Катерина Ѓуровски

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски