Бајден го честиташе Денот на државноста на БиХ: Со нетрпение очекувам да го зајакнеме пријателството

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден упати честитки до народот и членовите на Претседателството на БиХ по повод одбележувањето на Денот на државноста на БиХ.

„САД силно го поддржуваат суверенитетот, територијалниот интегритет и мултиетничкиот карактер на Босна и Херцеговина. Ги повикуваме лидерите на Босна и Херцеговина да ги остават своите разлики настрана и да работат на изградба на подобра иднина за народите што ги претставуваат“, напиша Бајден во писмото до новоизбраните членови на Претседателството на БиХ Денис Беќировиќ, Жељка Цвијановиќ и Жељко Комшиќ.

Ова, како што наведе, вклучува брзо формирање влада на сите нивоа и спроведување на реформите неопходни за обезбедување на местото на Босна и Херцеговина во евроатлантската заедница на народи.

Тој изјави и дека со нетрпение ја очекува следната година кога се во прашање односите меѓу двете земји.

„Во годината што претстои, со нетрпение очекувам да го зајакнеме пријателството меѓу нашиот народ и да ја продлабочиме нашата соработка, вклучувајќи ја безбедноста, енергетската диверзификација и борбата против корупцијата. САД ќе продолжат да го поддржуваат мирот, безбедноста и просперитетот во Босна и Херцеговина за сите нејзини граѓани“, наведе Бајден.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бајден: Да ја заштитиме Украина од месарот Путин

Бајден: Само еден претседателски кандидат е ментално неспособен, тоа не сум јас

Катерина Ѓуровски

Бајден собра повеќе од 53 милиони долари за неговата кампања во февруари

Бајден ги критикуваше психичките способности на Трамп

Бајден го повика американскиот Конгрес итно да одобри финансиска помош за Украина и Газа

Горан Наумовски

Бајден го повика Конгресот да донесе закон за финансиска помош за Украина и Газа