Бајден ги соопшти имињата на осуммина сојузни обвинители кои ги предлага

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден денеска номинираше осуммина кандидати за американски сојузни обвинители, вклучувајќи го и главниот федерален обвинител, кој доколку биде потврден, ќе ги надгледува постапките во процесот против лицата кои упаднаа во Капитол на 6 јануари.

Метју Грејвс, адвокат и поранешен помошник обвинител на САД, е изборот на Бајден за сојузен обвинител на округот Колумбија, во кој обвинителството е преплавено со случаи поврзани со немирите на 6 јануари.

Сојузните обвинители издадоа потерници за повеќе од 535 лица, обвинети за учество во насилството во кое демонстрантите се судрија со полицијата, ги искршија прозорците и ги принудија членовите на Конгресот, а потоа и потпретседателот Мајк Пенс да побегнат на безбедно место.

Бајден, исто така, го номинираше Рашела Ролинс, обвинителка од Бостон, која е дел од растечкото национално движење на „прогресивни обвинители“ кои ги поддржуваат напорите за отстранување на расната нееднаквост, со отфрлање на традиционалната култура на „одлучна пресметка со криминалот“ што доведе до непропорционален број црнци во затворите.

Меѓу другите кандидати се Ерек Барон од дистриктот Мериленд, Николас Браун од западниот дистрикт Вашингтон, Клифорд Џонсон од дистриктот Северна Индијана, Захари Мајерс од дистриктот Јужна Индијана, Трини Рос од западниот дистрикт Њујорк и Ванеса Валдреф од источниот дистрикт Вашингтон.

Би можело да ве интересира

Бајден: Пандемијата на невакцинираните мора да престане, невакцинираните ја загрозуваатт економијата

А1он

САД изгласа закон за финансирање обнова на израелскиот противракетен систем

Ана Ололовска

ВИДЕО: Најмалку еден убиен и 13 ранети во пукање во Тенеси

Ана Ололовска

Ердоган: Сегашната насока во односите со САД не ветува

А1он

Ле Дриан: Ќе треба време да се излезе од француско-американската криза

А1он

Данска ги поддржа САД во спорот со Франција за подморниците

А1он