Бајден потпиша: САД го ратификуваа влезот на Финска и на Шведска во НАТО

Од:

Претседателот на САД, Џо Бајден денеска ги потпиша инструментите за ратификација на пристапните протоколи во НАТО за Република Финска и Кралството Шведска.

По овој повод, државниот секретар Ентони Блинкен ги повика и преостанатите земји-членки на Алијансата да ги ратификуваат протоколите.

– Задоволни сме со брзиот прогрес Финска и Шведска да станат сојузници во НАТО. Постои силна, сојузна и двопартиски поддршка за апликациите за членство на Финска и Шведска, и се надевам на нивно брзо влегување во најсилната одбранбена алијанса во историјата, изјави Блинкен.

Тој додаде дека НАТО останува посветено и на својата политика на отворени врати и на јакнење на билатералната одбрана и соработка во безбедноста.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“

Бајден е горд на проширувањето на НАТО до границите со Русија

ВИДЕО: Бајден го нарече пристапот на Нетанјаху кон војната во Газа „грешка“

Катерина Ѓуровски

Бајден се закани, Нетанјаху дозволи кордори за влез на помош во Газа

Бајден: Да ја заштитиме Украина од месарот Путин