Бајден е загрижен за тензиите околу Украина, предложи средба со Путин

Од:

Претседателот на САД Џо Бајден денеска телефонски разговарал со претседателот на Русија Владимир Путин, соопшти денеска Белата куќа. Во текот на разговорот Бајден предложил одржување средба со Путин „во трета земја“.

– Претседателот Бајден ја потврди својата цел за изградба на стабилни и предвидливи односи со Русија согласно интересите на САД, и предложи во наредните месеци средба на највисоко ниво во трета земја за разгледување на цел спектар проблеми со кои се соочуваат САД и Русија, се вели во соопштението.

Се вели и дека Бајден јасно ставил до знаење дека САД ќе дејствуваат одлучно во заштита на своите национални интереси во одговор на активностите на Русија како кибернапади и вмешаност во изборите.

– Претседателот Бајден ја истакна недвосмислената заложба на САД за суверенитет и територијални целосност на Украина. Претседателот изрази загриженост по повод ненадејното зголемување на руската воена моќ во окупираниот Крим и на границите со Украина и ја повика Русија да ја деескалира ситуацијата, се вели во соопштението од Белата куќа.

Ова е прв разговор меѓу претседателите на САД и Русија откако Бајден одговори потврдно на прашање од новинар дали смета дека Путин „убиец“.

Би можело да ве интересира

Русија изврши уште еден голем напад на енергетската инфраструктура низ Украина

Горан Наумовски

Зеленски побара помош од САД против рускиот „воздушен терор“

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Бајден: Да ја заштитиме Украина од месарот Путин

Путин: Бескрајната река на таленти го прави народот на Русија непобедлив

Кулеба го повика Западот да испрати системи за воздушна одбрана „Патриот“ во Украина

Горан Наумовски