Бајден денеска ќе се обрати на годишнината од нападот на Капитол

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе зборува за историското значење на минатогодишниот напад на приврзаниците на поранешниот претседател Доналд Трамп врз американскиот Капитол, соопшти Белата куќа.

Во своето обраќање, на првата годишнина од нападот, Бајден ќе зборува во Капитол заедно со потпретседателката Камал Харис, пренесува Гласот на Америка.

„Претседателот ќе зборува за вистината што се случи, а не за лагите што некои ги шират оттогаш и за опасностите што тоа ги претставува за владеењето на правото и нашиот систем на демократско владеење“, рече портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки на прес-конференција во вторникот.

На 6 јануари 2021 година, група поддржувачи на Трамп упаднаа во седиштето на Конгресот кој заседаваше за да се потврдат резултатите од изборите во ноември 2020 година, совладувајќи ги масовно послабите полицајци на Капитол кои беа на должност, кршејќи прозорци и уништувајќи историска зграда.

Неколку часа подоцна, откако федералните агенции за спроведување на законот и војската ја вратија контролата врз Капитол, членовите на Конгресот можеа да ја завршат својата работа и да ја потврдат изборната победа на Бајден.

Четири лица беа убиени на денот на нападот, меѓу кои и полицаец од Капитол кој почина следниот ден.

Толпата повреди десетина полицајци, а за неколку месеци по нападот, четворица полицајци извршија самоубиство.

Би можело да ве интересира

Бајден ќе присуствува на инагурацијата на Трамп

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Медведев: Можеби старецот Бајден решил да го напушти овој свет и да земе дел од човештвото со себе

Катерина Ѓуровски

Синот на Трамп за одлуката на Бајден: Проклети, имбецили, сакаат Трета светска војна

Бајден одобри Русија да биде нападната од американски ракети

Горан Наумовски