Бајден: Американците ќе реагираат ако Трамп ги изгуби изборите и одбива да се повлече

Од:

Демократскиот кандидат за претседател на САД, Џо Бајден изјави денеска дека Американците нема да молчат доколку актуелниот шеф на државата Доналд Трамп изгуби на изборите и одбива да се повлече.

Тој тоа го изјави за време на миитнг од кампањата во Охајо, еден ден откако Трамп во првата дебата меѓу двајцата кандидати, повторно одби да каже дали ќе ги прифати резултатите од ноемвриските избори.

Бајден истакна дека „претседателот ќе се повлече“, додавајќи дека американскиот народ нема да го толерира спротивното.

– Американските граѓани ќе одлучат кој ќе биде следниот претседател. Точка, заклучи Бајден.

Би можело да ве интересира

Девојче го нашле мртво во голема цевка, мајката очајна го тужи хотелот

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

Трамп започнува необичен бизнис, а партнер му е познат музичар

Горан Наумовски

Бајден: Да ја заштитиме Украина од месарот Путин

Акциите на медиумската компанија на Доналд Трамп скокнаа за 50 отсто на отворањето на берзата

Горан Наумовски

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах