Баба во 110-тата година советува како до подолг живот

Од:

Една од најстарите жени во Британија, го прослави 110-тиот роденден и верува дека тајната за долгиот живот е тоа што се откажала од пушење – пред 6 години. Дороти Пил, минатата година го прослави својот роденден и верува дека тоа што на 104 години се откажала од порокот како цигарите, и овозможило да го доживее својот 110 роденден.

 

Пензионерката, која живее во згрижувачки дом за стари лица, сеуште се почестува со чаша шери пред ручек и со чаша виски за вечера.  Покрај верувањето дека пушењето до 104-тата година не штетело на нејзиното здравје, таа верува и дека тоа што пие виски само до 19 часот истото така помогнало за нејзиниот долговечен живот.

Единствено нешто за кое жали е што нејзиниот сопруг не доживела со неа да го прослави 110-роденден.

Низ шега Дороти вели „ Знам дека живеев доволно долго, се чини како да нема нешто на светов што може да ме убие“.

Преживеала две светски војни, во едната директно на нејзиното скривалиште паднала граната, но таа излегла неповредена.

 

 

 

Би можело да ве интересира

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче

Велика Британија влезе во рецесија

САД и Велика Британија повторно ги нападнаа Хутите: „Погодивме осум цели“

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници