Азербејџан имал таен фонд за поткуп на странски лобисти, новинари и бизнисмени

Од:

Владејачката елита во Азербејџан две години имала на располагање таен фонд од 2,8 милијарди долари за да дава поткуп за европски лобисти, политичари, новинари и бизнисмени, покажува истражувањето спроведено од еден конзорциум од европски весници.

Во наодите на овој новинарски конзорциум, објавени во Проектот за пресметка со корупцијата и организираниот криминал, не се објаснува од каде потекнуваат овие пари, но се сомнева дека фондот бил поврзан со семејството на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.

Парите се пренесувале преку „мрачни“ компании кои имале седиште во Велика Британија, а до нив ги пренесувала Данске Банк, преку нејзината филијала во Естонија.

Со парите се потплатувале луѓе од политиката, бизнисот, како и новинари, кои требале да зборуваат и да пишуваат добро и афирмативно за Азербејџан, неговата влада, политика и за постигнувањата.

Во истрагата не се најдени докази дека сите што биле вклучени во оваа операција, знаеле за потеклото на парите.

Во времето кога се користел овој фонд за поткуп, Азербејџан беше обвинуван во европската и меѓународната јавност за корупција, за наместено гласање и за купени избори, за насилство врз опозицијата и за апсење на опозициски политичари, активисти за човекови права и новинари.

Истражувачкиот новинарски тим, вклучен во целиот овој проект, верува дека токму на овој начин, со поткуп, било спречено усвојување на критичката резолуција за Азербејџан во парламентарното Собрание на Советот на Европа во 2013 година.

Советот на Европа е самостојна организација за заштита на човековите права која не е дел од Европската унија и од нејзините институции.

Британската Би-Би-Си која објавува делови од извештајот на новинарскиот конзорциум открива дека од „мрачните“ компании преку кои се движеле паирте за поткуп, две се во Англија, а две во Шкотска.

Овој медиум тврди дека Советот на Европа веќе покренал своја истрага за тоа, кој и како гласал во Собрането во 2013 година за резолуцијата за Азербејџан.

Од официјален Баку засега нема реакција за откритието на новинарскиот конзорциум.

Би можело да ве интересира

Ново пукање на границата на Ерменија и Азербејџан, најмалку тројца војници се ранети

Ана Ололовска

Повеќе од 200 убиени во судирите меѓу Ерменија и Азербејџан

А1он

Блинкен изрази длабока загриженост до Алијев и Пашињан поради повторните судири меѓу двете земји

Ана Ололовска

Чавушоглу: Ерменија да престане да го провоцира Азербејџан

А1он

Гранатирани позиции на азербејџанската армија распоредени на границата со Ерменија

Ана Ололовска

Азербејџан ги повлече своите сили од Фурух во Нагорно-Карабах, соопшти руското МО

Ана Ололовска