Азар за руската вакцина против Ковид-19: Важна е ефективноста а не да се биде прв

Од:

Министерот за здравство и социјала на САД, Алекс Азар, ја искоментира информацијата за тоа дека Русија официјално регистрирала прва вакцина против коронавирус во светот.

За регистрацијата на вакцината и за тоа дека таа е подготвена за употреба денеска соопшти рускиот претседател Владимир Путин.

-Главното не е во тоа да се биде прв во добивање на вакцина. Главно е да се има вакцина која е ефективна и безбедна за американскиот народ и за сите луѓе во светот, изјави министерот денеска во емисијата „Добро утро Америка“ на Еј-би-си.

Според него, Русија одобрила вакцина пред завршувањето на финалната, трета фаза клинички испитувања, а сепак досега не објавила никакви научни податоци од првите две фази.

Министерот додаде дека две од шест разработени вакцини во САД се наоѓаат во финален стадиум на тестирање, пред да бидат конечно одобрени за употреба од Управата за храна и лекови (ФДА) на САД.

-Сметаме дека се наоѓаме на вистинскиот пат за добивање на десетици милиони вакцини одобрени преку златниот стандард на ФДА до декември, и стотици милиони дози со почетокот на новата година, појасни тој.

Истакна дека тоа најмногу зависи од брзината на спроведување на клиничките тестови и вакцинацијата на луѓето, кои потоа се изложуваат на вирусот.

Би можело да ве интересира

Фаучи: Светот ќе се врати во нормала до крајот на следната година

А1он

Кремљ верува дека Париз не го обелоденил разговорот Путин-Макрон

Ана Ололовска

Тајм: Фаучи во списокот на 100 највлијателни луѓе за 2020 година

Ана Ололовска

Американскиот долг во 2050 година е проектиран на 195 отсто од БДП-то

Ана Ололовска

„Инцидент“ со авионот на Пенс

Ана Ололовска

Путин во ОН повика на укинување на санкциите со цел да се зајакне светската економија

Ана Ололовска