Автомобилите во Холандија успоруваат до 100 км/час поради загадувањето

Од:

Холандија планира да воведе закон за намалување на брзината на возилата на автопатите од 130 на 100 километри на час во обид да ги намали емисиите на штетни гасови, објави „Фајненшл тајмс“.

Со таа мерка, Холандија и официјално ќе стане земја со најмала дозволена брзина во Европската унија.

Државниот премиер Марк Руте рече дека холандската влада ќе преземе непопуларна мерка и ќе ги намали емисиите на азотни гасови што ги произведува сточната индустрија за да се постигнат целите за заштита на животната средина.

– Во спротивно многумина Холанѓани би останале без работи пред Божик, вели Руте.

Автомобилите ќе можат да возат со сегашното ограничување на брзината помеѓу 7 часот навечер и 6 часот наутро.

Судовите во Холандија забранија изградба на 18.000 инфраструктурни проекти и околу 75.000 домови најавени за следната година, бидејќи државата досега не беше во можност да го намали загадувањето под својата годишна цел.

Во 2012 година, коалицијата предводена од Руте успеа да ја зголеми максимална брзина на автопати на 130 километри на час.

Би можело да ве интересира

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

(ВИДЕО) Заложничка криза во бар во Холандија: Ослободени тројца заложници

Орце Костов

(ВИДЕО) Драма во Холандија: Луѓе заробени во кафуле, наредена итна евакуација

Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи

Две експлозии во Холандија, нема повредени

Горан Наумовски

Снегот виновник за откажани десетици летови од Амстердам