Австрискиот парламент го отфрли трговскиот договор на ЕУ со Јужна Америка

Од:

Австрија е првата држава што го отфрли договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и четири земји од Јужна Америка – Бразил, Уругвај, Парагвај и Аргентина (Меркосур).

Договорот го потпиша Европската Комисија во јуни, но тој треба прво да биде ратификуван од сите земји членки за да стапи во сила.

Австрискиот парламент вчера побара од владата во Виена да не стави потпис на договорот ЕУ-Меркосур. Австрија со ова станува првата ЕУ членка што ја отфрла оваа спогодба која со месеци е цел на критики од повеќе земји членки и невладини организации.

Една од главните забелешки на противниците кон договорот е односот на бразилската Влада кон климатските прашања, посебно по драматичните сцени од пожарите во Амазонија ова лето.

Засега нема официјална реакција од Европската Комисија за австриското гласање, но се очекува да пристигне во текот на денот.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче