Австрискиот канцелар Себастијан Курц во посета на Белата куќа

Од:

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска е во посета на Балата куќа, на која ќе се разговара за трговијата, енергетиката и безбедносните политики во Европа. Ова е прва посета на еден австриски канцелар по 14 години пауза.

Администрацијата на Трамп гледа наклонето кон 32-годишниот европски лидер, по тешкотиите за изнаоѓање заеднички јазик со Франција и со Германија во однос на трговските прашања.

Според Блумберг, Курц во САД важи за „рок-ѕвезда на европските конзервативците“. Овој епитет му го даде Ричард Гренел, американски амбасадор во Германија, кој најверојатно ќе биде новиот амбасадор на САД во ОН.

Курц и Трамп имаат повеќе заеднички нешта. На пример, и двајцата имаа успешни кампањи затоа што заговараа строги имиграциски политики.

На денешната средба ќе се говори за безбедносната политика, трговијата и енергетиката во Европа. Австрискиот енергетски гигант ОМВ го поддржува рускиот гасовод „Северен поток 2“ на кој САД се спротивставува со закани од санкции. Додека германските производител на автомобили, кои можат да настрадаат од воведување на царини од САД, зависат од компании за трговија и производство на авто-делови во Австрија.

Курц е застапник на слободната трговија и ќе ги брани правата на европските избирачи во ЕУ и Австрија за сигурни работни места.

– Се што ја спречува слободната трговија ќе го загрози пазарот на трудот во Европа и во Австрија. Никој не добива ништо, изјави тој пред денешната посета.

Курц се позицинира како медијатор во несоглсувањата на Трамп со германската канцеларка Ангела Маркел и францускиот претседател Емануел Макрон за увозните царини и безбедносната политика.

Во пресрет на средбата, австрискиот канцелар одговори двосмислено на прашањето што очекува од Трамп.

– Мислам дека не можеш навистина да се подготвиш за средба со Трамп, истакна Курц.

Би можело да ве интересира

Бајден: Само еден претседателски кандидат е ментално неспособен, тоа не сум јас

Катерина Ѓуровски

Ќе ги ослободам напаѓачите на Капитол и ќе ја затворам границата најави Трамп

Катерина Ѓуровски

„Нема подобар и попаметен„ – Трамп го испофали премиерот на Унгарија: Орбан е фантастичен лидер

Катерина Ѓуровски

Ники Хејли се откажа од претседателската трка, Трамп сигурно ќе биде кандидат

ВИДЕО: Бајден и Трамп слават по „Супер вторник“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Трамп и Бајден мешаат држави, грешат имиња: Најстарите кандидати во историјата ќе водат битка за САД