Aвстрискиот канцелар: Не можеме да дозволиме Путин да ја одредува европската цена на струјата секој ден

Од:

Министерката за енергетика на Белгија предупреди дека земјите од Европската унија ќе се соочат со пет до десет страшни зими доколку не се преземе ништо за замрзнување на цената на природниот гас, јави Би-Би-Си.

Има сè погласни повици за плафон на цената на гасот ширум ЕУ и за одвојување на цената на гасот од цената на електричната енергија. Земјите на ЕУ се борат со големи зголемувања на цените на енергијата откако Русија, клучен снабдувач на гас, ја нападна Украина во февруари.

Земјите кои ја поддржуваат Украина се обидуваат да ја намалат зависноста од руската нафта и гас, а Русија за возврат го намали снабдувањето.

Минатата година ЕУ увезе 40 отсто од своите испораки на гас од Русија.

„Следните пет до десет зими ќе бидат страшни ако не направиме ништо“

Белгиската министерка за енергетика Тине Ван дер Страетен на Твитер објави дека е неопходно итно да се замрзнат цените на бензинот во Европа, додавајќи дека врската меѓу цените на гасот и струјата е вештачка и треба да се реформира.

„Следните пет до десет зими ќе бидат ужасни ако не направиме ништо“, предупреди таа. „Мораме да дејствуваме на изворот на европско ниво и да работиме на замрзнување на цените на бензинот“, посочи Ван дер Страетен.

„Цените на струјата мора да паднат“

Струјата поскапува во Европа, а оваа недела достигна рекордни нивоа.

„Мораме да го запреме ова лудило на енергетските пазари“, изјави австрискиот канцелар Карл Нехамер.

Цените на струјата мора да паднат, рече Нехамер и ја повика ЕУ да ги одвои цените на струјата и гасот.

„Не можеме да дозволиме рускиот претседател Владимир Путин да ја одредува европската цена на струјата секој ден“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ