Австриски инфектолог: Порано или подоцна сите ќе „фатиме“ коронавирус

Од:

Порано или подоцна сите ќе се заразиме со новиот коронавирус, предупредува австрискиот инфектолог Франц Алербергер, дополнувајќи дека не верува оти вирусот ќе биде искоренет во следните неколку години.

– Овој вирус ќе ни остане. Секој од нас, порано или подоцна ќе има коронавирус, освен ако пред тоа не умре, вели директорот на Одделот за јавно здравје на Агенцијата за здравство и безбедност на храна. Алербергер вели дека мора да научиме да живееме со короната во следните месеци, ако не и години.

Тој како добра страна посочува дека смртноста не е толку висока како што се сметаше пред 10 месеци, кога мислеле дека изнесува 30 отсто. Алербергер се повика на студија на универзитетот Станфорд, според кој смртноста е 0,23 отсто, потенцирајќи дека треба да се заштита повозрасните, бидејќи меѓу нив смртноста е поголема.

Во изјавата за австриското радио „Ое3“ инфектологот рече дека не очекува лек против вирусот, бидејќи лекови против вирус „можат да се избројат на една рака“, а широко достапна вакцина може да се очекува најрано во јули следната година.

Според инфектологот, добрата вест е што новите студиии укажуваат дека за да се постигне колективен имунитет, т.н. „имунитет на стадо“ не е потребно да се зарази 70 до 80 отсто од населението.

– Податоците од Бергамо или Вухан, на пример, покажуваат дека стапка на зараза од 42 проценти може да значи дека луѓето повеќе не се заразуваат меѓусебе. Истражувањето на оваа тема е во тек и доколку се покаже точно, тоа ќе значи побрзо олабавување од што претходно сметавме, рече австрискиот инфектолог.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче