Австриски експерт предупредува дека банди од Балканот се подготвуваат за отворање на границите

Од:

Директорот на Федералната криминалистичка служба на Австрија Андреас Холцер предупреди дека организирани криминални банди од Балканот и Источна Европа се подготвуваат за отворање на границите.

Холцер, кој е поранешен шеф на специјалната единица што ја решаваше корупцијата во корупциската афера „Ибица“, во интервју за виенскиот дневен весник „Кронен цајтунг“ истакна дека фокусот на неговата работа ќе биде борбата против киберкриминалот.

Тој најави двојно зголемување на службените лица и посебен оддел што ќе се занимава со киберкриминал.

– Добра истрага е уметност. Покрај вообичаените активности, како што се тајна истрага и набљудување, сакам да ја вклучам и стручноста на науката и надворешни експерти од универзитетите, нагласи Холцер.

Во однос на моменталната безбедносна состојба во Австрија, тој рече дека пандемијата и добрата полициска работа го запреле криминалот против имотот.

– Сепак, организираните банди на Балканот и Источна Европа веќе се подготвуваат за отворање на границите и „афтер корона забава“, подвлече Холцер.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче