Австриската министерка за внатрешни работи побара забрана на ИД и нејзините симболи во Австрија

Од:

Минстерката за внатрешни работи на Австрија Јохана Микл-Лајтнер има намера што побргу да ја забрани џихадистичката терористичка организација „Исламска држава“ и носењето на нејзините симболи.

– Слободното општество не треба да дозволи да се гази неговата толеранција, изјави таа за австриските медиуми.

Микл-Лајтнер ги поздрави и предлозите на Зелените кои се залагаат за воведување закон за забрана за активностите на радикално исламистичките струи.

– Најголем ризик претставуваат оџите што патуваат и сеат омраза, изјави Ефгани Денмец пратеник на Зелените, кој има турско потекло.

Во Австрија според него се уапсени деветмина Чеченци со статус на азиланти, кои биле на пат кон Сирија за да војуваат.

– Тоа јасно покажува колку војната се приближила во центарот на Европа, доаде тој.

Покраинскиот дом на Парламентот апелираше до МВР на Австрија да упати сигнал за да се спречи политички мотивиран ислам.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

Исламската држава го пофали терористичкиот напад во Москва

Горан Наумовски

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија