Австрија: Задолжителна маска FFP2 и растојание од два метра

Од:

Австрискиот Парламент попладнево усвои нова уредба на министерот за здравство, Рудолф Аншобер, со која се продолжуваат и се заоструваат мерките за заклучување и заштита.

Указот предвидува од понеделник, 25 јануари, обврска да се носи маска со повисоко ниво на заштита, FFP2, во јавниот превоз, но и при купување или одење кај автомеханичар, на пазари, отворени или затворени, и за преземање нарачана храна од ресторани.

Маската FFP2 е исто така потребна за влез во суд или во која било друга институција. Според декретот, сите над 14 години, ќе мора да носат таква маска.

Покрај тоа, задолжителното растојание од лица од друго домаќинство се зголемува од еден на два метра.

Уредбата предвидува и продолжување на примената на целодневниот полициски час, кој овозможува напуштање на домот за работа, шопинг, прошетки поради ментално и физичко здравје, пружање помош на други.

Една новина е неделен задолжителен тест за одредени групи на луѓе. Така, неделно тестирање за коронавирусот ќе биде задолжително за медицинскиот персонал, негувателите, за сите лица кои имаат директен контакт со клиенти, како што се продавачи, возачи и слично.

Наставниците, работниците во логистика, но и сите во јавниот сектор кои имаат контакт со граѓаните, како и професионалните спортисти, исто така мора да се тестираат.

Указот ја продолжи мерката за заклучување до 3 февруари, а Владата претходно донесе одлука дека земјата нема да биде „отклучена“ пред 8 февруари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Рамбо Амадеус излезе од болница откако прележа Ковид-19: Не се опуштајте!

Жарко Настоски

Американски дипломати во Кина анално тестирани за корона, Пекинг вели: било по грешка

Жарко Настоски

Австрија сака да ја купи руската вакцина, Курц се слушнал со Путин

Жарко Настоски

Основачите на Бионтек ќе го добијат највисокиот орден на Германија

Ана Ололовска

ЦДЦ: Во теретаните и фитнес центрите да се носат маски и при вежбање

Ана Ололовска

Во Србија се заоструваат епидемиолошките мерки, угостителите и трговските центри ќе работат до 14 часот

Ана Ололовска