Австрија: Синдикат бара платена „пауза од заштитна маска“

Од:

Австрискиот синдикат ГПА бара платена 15-минутна пауза во продавниците по двочасовно работење со заштитна маска.

– Вработените во продавниците извршуваат тешка работа на овие високи температури со маска и затоа им е потребно олеснување. Тие наутро преместуваат околу еден тон овошје и зеленчук, потоа два часа работат на одделот за послужување топла храна при големи горештини и на крај работат на каса, понекогаш под притисок на нељубезните купувачи. Тоа е тешка работа, која е уште потешка со маска, истакна претседателката на синдикатот, Барбара Теибер.

Синдикатот апелираше до Владата „на вработените во супермаркетите, кои се херои во овој тежок период, да им се даде поддршка и да се воведат платени паузи од заштитните маски“.

ГПА укажува дека постојат случаи каде вработените, поради проблеми со дишењето под маска, колабираат на работното место.

Би можело да ве интересира

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче

Авганистанец уби три жени во Виена