Австрија се противи на проширувањето на Шенген зоната со Хрватска, Бугарија и Романија

Од:

Австриското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека земјата се противи на укинување на проверките на границите на Бугарија, Хрватска и Романија, кои се членки на ЕУ, јави ДПА, повикувајќи се на весникот Курир.

Еврокомесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон, неделава и официјално предложи трите земји да се вклучат во безвизната европска Шенген зона, во која нема гранични проверки.

-Сега, кога системот на надворешни граници не функционира, не е добро време да се гласа за проширување на Шенген зоната, изјави за весникот Курир австрискиот министер за внатрешни работи, Герхард Карнер, кој доаѓа од конзервативната Австриска народна партија.

Австрија во моментов се соочува со зголемен број бегалци, кои пристигнуваат низ други земји на ЕУ по таканаречената „Балканска маршрута“ за влез во земјава. Според податоците на австриското МВР, од почетокот на годинава до австриската граница стигнале над 90.000 лица. Од нив, 75.000 не биле претходно регистрирани во ниту една друга земја на ЕУ.

Гласањето за пристапување на трите земји во Шенген зоната е закажано за 8 декември. Одлуката мора да биде донесена едногласно.

Во Шенген зоната, која обединува 26 земји, во голема мера нема гранични проверки, а тоа им овозможува на луѓето да патуваат, работат и живеат во друга земја без визи или дозволи.

Бугарија, Романија, Хрватска, Ирска и Кипар се единствените земји од ЕУ кои не се дел од Шенген зоната, додека во зоната се земји кои не се членки на ЕУ, како Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн.

Би можело да ве интересира

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Хрватска танцува за поддршка на евровизискиот претставник, Бејби Лазања

А1он