Австрија сака да ја купи руската вакцина, Курц се слушнал со Путин

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин и австрискиот канцелар Себастијан Курц телефонски разговараа за борбата против пандемијата, вклучително и можното доставување на руската вакцина „Спутник V“ во Австрија и нејзино заедничко производство, соопшти прес-службата на Кремљ.

„Детално беа разгледани прашањата за спречување на ширењето на коронавирусот, вклучително и можноста за достава на руската вакцина Спутник V во Австрија, како и за заедничко производство“, се вели во соопштението.

Се додава дека се договорени натамошни „блиски контакти меѓу соодветните специјализирани агенции на двете земји“.

Како што пренесува агенцијата ТАСС, разговорот е инициран од австриска страна.

Русија е прва земја во светот што регистрираше вакцина против коронавирус на 11 август 2020 година.

Би можело да ве интересира

Путин: Никогаш не се откажавме од мирното решавање на споровите со Украина

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Путин нареди мобилизација на 150.000 војници

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Путин: Бескрајната река на таленти го прави народот на Русија непобедлив

Обраќање на Путин: Ќе плати оној кој застана зад терористите

А1он