Австрија: После забава 80 лица во карантин

Од:

По забава во австрискиот град Вилах, на која имало многу познати личности, вклучувајќи го и секретарот за здравство на градот Кристијан Побер, 80 лица мораа да бидат ставени во карантин.

Имено, на забава дошол и еден угостител за кого било утврдено дека е заразен со коронавирусот.

Со ова е формиран нов кластер на коронавирусот во провинцијата Каринтија.

Полицијата била повикана на забавата затоа што не се почитувале правилата за заштита од коронавирусот.

Поради повеќе стотици гости на забавата, властите на Вилах поставија станица за тестирање во едно училиште.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче