Австрија набавува милион дози од вакцината Спутник V

Од:

Австрија ги заврши преговорите за купување на руската вакцина против коронавирусот Спутник V и ќе набави милион дози, што ќе помогне за забрзување на процесот на имунизација, изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Тој за набавката на Спутник V разговараше на 26 февруари со рускиот претседател Владимир Путин, а кон крајот на март започнаа преговорите со производителот.

Засега не е познато дали Австрија ќе чека официјално одобрување на руската вакцина од страна на Европската агенција за лекови (ЕМА), а минатата недела од кабинетот на канцеларот е соопштено дека во следниот период ќе биде одлучено на кој начин Спутник V ќе биде лиценцирана.

Унгарија и Словачка засега се единствените членки на ЕУ кои ја набавиле руската вакцина, но во Словачка не се користи бидејќи се уште не е одобрена од националната Агенција за лекови.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче