Австрија ќе воспостави директна железничка врска за негователките од Романија

Од:

Австрија ќе воспостави ноќна железничка врска со Романија преку Унгарија со цел во текот на пандемијата со Ковид-19 да можат романските негователки и друг помошен медицински персонал да пристигне во земјата.

Австрискиот систем за нега на постарите и другите лица во голема мера зависи од работниците од Источна Европа и затоа Виена ги отвори границите за работниците од соседните држави Словачка, Чешка и Словенија.

Но, главниот извор е Романија и наместо работниците да ги превезува со авион, Австрија од 2 мај ќе воспостави ноќни возови, со цел да се спроведе мерката за физичка дистанца.

– Мило ми е што и покрај затворените граници успеавме да организираме заеднички коридор за работниците од Романија. Околу 33.000 луѓе во Австрија имаат потреба од 24-часовна нега, изјави австриската министерка за внатрешни работи Каролина Едтстадлер.

Предвидено е директната врска со Темишвар и на почетокот возот ќе сообраќа еднаш неделно, а по потреба може да се организира трипати неделно.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО