Медицинска сестра од Австрија почина откако ја примила вакцината на АстраЗенека, сомнителната серија испратена во уште 16 земји

Од:

Австрија е само една од 17-те европски земји кои добиле дози од серијата вакцини на АстраЗенека, чија употреба ја запреа австриските власти поради истрага на смртен случај и болест по нивната употреба, изјави денеска висок здравствен службеник во земјата.

Медицинска сестра (49) во Цветл, град северозападно од Виена, починала од сериозно нарушување на коагулацијата на крвта откако ја примила вакцината. Друга медицинска сестра (35) од Цветл која добила доза од истата серија, АБВ 5300, развила белодробна емболија и сега закрепнува, соопштија здравствените власти.

– Ги информиравме сите европски колеги во европската мрежа затоа што оваа серија, составена од приближно еден милион дози, испратена е во 17 европски земји, рече Криста Виртумер-Хош, шефица на телото за надзор на пазарот на лекови на австриската агенција за јавно здравје AGES.

– Комитетот за проценка на ризик од фармаковигилантност на Европската агенција за лекови (PRAC), кој ја надгледува безбедноста на лековите, вчера расправаше за случајот во понеделникот, појасни Вуртумер-Хошр, која е и претседател на управниот одбор на ЕМА.

Таа не ги идентификуваше земјите и не кажа какви чекори преземаат. АстраЗенека соопшти дека е во контакт со австриските власти и дека целосно ќе ја поддржи истрагата.

Англо-шведската компанија соопшти дека сите серии биле предмет на строга и ригорозна контрола на квалитетот и дека „нема потврдено никакви сериозни несакани дејства поврзани со вакцините“.

Се прави аутопсија врз телото на медицинската сестра, а Криста Виртумер-Хош соопшти дека очекува резултати следната недела.

Би можело да ве интересира

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче

Авганистанец уби три жени во Виена