Австрија гo симна израелското знаме од Владата, по бројните реакции и клетвата од Ердоган

Од:

Израелските знамиња кои изминатите денови беа поставени на зградите на австриската Влада и на Министерството за надворешни работи, денеска се симнати без објаснување.

Бројни невладини организации, здруженија, интелектуалци и политичари изразија незадоволство од потегот на властите, кои со знамињата сакаа да ја искажат својата поддршка за Израел во актуелните судири со милитантите од Хамас. Според критичарите, истакнувањето на знамињата е кршење на начелото на неутралност и непотребно заземање страна во конфликтот.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера остро ја нападна официјална Виена за поддршката за Израел, кој Ердоган го нарекува „терористичка држава“.

– Ја проколнувам државата Австрија, која сака муслиманите да ја платат цената затоа што Австрија изврши геноцид врз Евреите, изјави вчера турскиот лидер.

Австрија денеска го повика турскиот амбасадор во Виена на разговор во врска со нападите на Ердоган.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Ердоган го нападна Нетанјаху: „Тој сака да предизвика регионална војна“