Австралискиот премиер смета дека Трамп не треба да му верува на Путин

Од:

Австралискиот премиер Малколм Турнбул изјави дека оценката на американското разузнавање за руското мешање во изборите во САД во 2016 година е многу убедлива и додаде дека претседателот Доналд Трамп не треба да му верува на рускиот колега.

На прашање за радио во Мелбурн, дали Трамп треба да му верува на Путин, Турнбул потсети дека „самиот претседателот Путин рече дека никој не треба да му верува на никого“.

-Тоа можеби е добар совет, истакна тој.

Австралискиот премиер подвлече дека тој не му верува на Путин, кога рускиот претседател тврди дека не е одговорен за уривањето на летот MH17, кога малезиски Боинг 777 пред четири години беше урнат со ракета над Украина при што загинаа сите 298 патници и екипажот.

-Според мене, доказите собрани од американското разузнавање за руско мешање во изборите се многу убедливи, но очигледно во Америка има поинакви ставови, додаде австралискиот премиер.