Австралискиот премиер оддаде почит на кралицата Елизабета Втора со церемонија на положување венци

Од:

Австралискиот премиер Ентони Албанезе денеска и оддаде почит на британската кралица Елизабета Втора со церемонија на положување венци во Парламентот во Канбера.

Премиерот Албанезе, генералниот гувернер Дејвид Харли и други високи личности прошетаа низ Парламентот до Квинс Тераса, каде положија венци на бронзената статуа на кралицата Елизабета Втора.

Кралицата, која почина на 96-годишна возраст, ја откри својата бронзена статуа на терасата во 1988 година додека беше во посета на Австралија за отворањето на новата зграда на Парламентот.

Британскиот монарх е и шеф на државата на Австралија за вкупно 14 земји и територии надвор од Обединетото Кралство, иако неговата улога е главно церемонијална.

Луѓето низ Австралија и оддадоа почит на покојната кралица Елизабета Втора, која беше најдолготрајниот британски монарх, останувајќи на тронот седум децении.

Во знак на почит, австралиските знамиња вчера беа спуштени на половина копје, а во дворот на парламентот одекнаа 96 топовски поздрави, по еден за секоја година од животот на кралицата.

Албанезе, кој претходно се изјасни за поддршка на републиката, вчера изрази сочувство поради смртта на кралицата.

„Денес е ден со едно прашање, а тоа е да и оддадеме почит на кралицата Елизабета Втора“, рече премиерот.

Кралицата редовно ја посетуваше Австралија за време на нејзиното владеење, остварувајќи 16 посети таму – првата во 1954 година, а последната во 2011 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов