Австралискиот премиер изјави дека е можна истрага за сагата на неговиот претходник со тајното „министерување“

Од:

Австралискиот премиер Ентони Албанезе изјави денеска дека неговата влада може да размисли за покренување истрага за околностите под кои поранешниот премиер Скот Морисон тајно положи заклетва во клучните министерства за време на пандемијата на коронавирус.

За време на пандемијата, Морисон, кој се повлече од функцијата лидер на Либералната партија по поразот на општите избори во мај, положил тајна заклетва во пет клучни министерства, како што се дозна оваа недела. Неговите постапки предизвикаа критики од владата на лабуристите, како и од неговата партија, но поранешниот премиер се бранеше велејќи дека чувствувал дека одговорноста за нацијата за време на пандемијата е целосно негова.

Албанезе денеска изјави дека утре владата ќе добие совет од генералниот адвокат, вториот највисок судски службеник во земјата, за законитоста на постапките на Морисон. Албанезе посочи дека владата, исто така, ќе размисли дали да започне истрага и реформи за да се осигура дека таквата практика нема да се повтори.

– Ќе ги разгледаме сите овие прашања откако ќе го добиеме советот од главниот правен консултант, изјави тој за Скај Њуз.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча

Земјотрес во Австралија, епицентарот бил на 65 километри од Сиднеј

(ВИДЕО) Австралиец врзал мали деца откако ги фатил како се капат во базен

Во австралиските шумски пожари горат куќи, а топлотниот бран допрва ќе следи

ВИДЕО: Полицаец убил познат автралиски ТВ водител и неговто момче

Катерина Ѓуровски

Австралија: Околу 64.000 луѓе останаа без струја поради циклонот Кирили