Австралија пред колапс, испратен „очајнички повик“

Од:

Австралискиот здравствен систем е пред колапс, па владата на Скот Морисон е принудена да направи „очајнички“ потег – да повика помош од таканаречените туристи со ранци – „бекпекери“.

Морисон планира да не им наплатува на „бекпекерите“ барање за виза во замена за вклучување во борбата против Ковид на кој било начин за време на „крстарењето“ низ земјата, но и во другите сектори кои се десеткувани поради вирусот омикрон.

Премиерот Скот Морисон рече дека неговата влада се откажува од таксата за виза од 630 американски долари (453 американски долари) за сите патници и студенти кои ќе пристигнат во Австралија во следните 12 недели и ги охрабри да размислат за работа на сезонски работни места за време на посетата.

„Ајде дојдете, затоа што сакавте да дојдете во Австралија. Одете низ целата земја и во исто време приклучете се на нашите тимови во земјоделскиот сектор, здравствениот сектор, но и во многу други сектори од нашата економија кои се потпираат на таа работа“, рече Морисон.

Според многумина, овој очајнички потег доаѓа во изборна година кога владата на Морисон се соочува со огромни критики за неуспехот да ја стави пандемијата под контрола, и покрај најригорозните мерки чија жртва беше Новак Ѓоковиќ.

Но, парадоксот е, наведува Ројтерс, што Морисон ја испратил поканата истиот ден кога Американскиот центар за контрола на болести, објави во медиумите во САД дека 22 земји се ставени на листата на многу ризични за Американците кога станува збор за патување во нив. И Австралија е на таа листа.

Здравствените власти денеска пријавија 67 нови смртни случаи и скоро 80.000 нови инфекции. Вчера бројот на починати беше 77, а шефот на главната канцеларија за здравство Пол Кели вели дека Австралија треба да биде подготвена дека бројот на починати ќе продолжи да расте.

Би можело да ве интересира

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча

Земјотрес во Австралија, епицентарот бил на 65 километри од Сиднеј