Австралија потврди дека двајца патници од Јужна Африка се заразени со сојот омикрон

Од:

Австралиските власти денеска соопштија дека го потврдиле присуството на сојот омикрон на коронавирусот кај двајца патници од Јужна Африка кои пристигнале во Сиднеј.

Здравствената управа на австралиската држава Нов Јужен Велс објави дека извршила итни тестови кои го потврдиле присуството на овој нов вид на вирус кај двајцата патници кои вчера пристигнале во Сиднеј.

„Тие пристигнаа со лет на „Катар ервејс“ преку Доха, соопшти Управата.

Двете лица биле позитивни на Ковид-19, се покажало веднаш по пристигнувањето, кога била направена дополнителна анализа за да се утврди дали тие го носат новиот сој на вирусот – омикрон, што првпат е откриен во Јужна Африка.

„Двата позитивни случаи, кои се асимптоматски, се изолирани во посебни простории. Двете лица се целосно вакцинирани“, соопшти австралиската здравствена управа.

Уште 12 патници од Јужна Африка кои патувале со истиот авион, сега се во карантин, иако не покажале позитивен тест за Ковид-19, соопшти управата.

Околу 260 патници и членови на екипажот од летот, исто така, се повикани да се изолираат.

Би можело да ве интересира

ЗНМ бара Владата да ги почитува ковид протоколите и да обезбеди услови за безбедна работа на медиумските работници

А1он

Во Албанија 2.832 новозаразени за 24 часа, најмногу од почетокот на пандемијата

А1он

СЗО: Преминот на Ковид-19 во ендемска форма не значи дека не е опасен

А1он

Доставен амандман во грчкиот Парламент за јавно објавување на имињата на бизнисите кои ги прекршуваат Ковид мерките

А1он

Ковид-19: Рекорден број на новозаразени во Србија, Словенија и во Хрватска, лоша епидемиолошка состојба и во останатиот дел од регионот

А1он

ЕМА: Постојани бустери може лошо да влијаат врз имунитетот

А1он