Австралија нема намера да го „повреди“ важниот однос со Кина

Од:

САД и нивниот близок сојузник Австралија одржаа разговори на високо ниво за Кина и се согласија за потребата од почитување на глобалниот поредок заснован на правила, но австралиската министерка за надворешни работи Мариса Пејн изјави дека односот на Канбера со Пекинг е важен и нема намера да го „повреди“.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео и секретарот за одбрана Марк Еспер остварија дводневни разговори со своите австралиски колеги во Вашингтон.

На заедничката прес-конференција, Помпео ја пофали Австралија за отпорот на кинескиот притисок и рече дека Вашингтон и Канбера ќе продолжат да работат заедно за повторно воспоставување на владеењето на правото во Јужното Кинеско Море, каде Кина врши притисок со своите барања.

Австралиската министерка за надворешни работи Мариса Пејн рече дека САД и Австралија имаат заедничка обврска кон владеењето на правото и ја потврди својата заложба дека земјите треба да се повикаат на одговорност, „како што е кинеската ерозија на слободите во Хонг Конг“.

Во исто време, таа рече дека Австралија не се согласува за сè со Пекинг – ниту со САД.

– Односот што го имаме со Кина е важен. И ние немаме намера да го повредиме, рече таа, додавајќи „ниту имаме намера да правиме работи што се спротивни на нашите интереси“.

Би можело да ве интересира

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе