Австралија ја прекина директната помош за палестинските власти

Од:

Австралија донесе одлука да ја прекине директната помош за палестинските автономни власти, бидејќи смета дека тие донации би можеле да завршат во рацете на Палестинците осомничени за поттикување политички мотивирано наслилство, соопшти денеска австраликсата министерка за надворешни работи Џули Бишоп.

Бишоп нагласи дека Австралија ја донела ваквата одлука откако палестинските автономни власти не одговориле на нејзиното барање од крајот на мај за гаранции дека „австралиските пари нема да се трошат за тоа за што не се наменети“.

Според Бишоп, продолжувањето на доделувањето на директна финансиската помош за Палестинците би и им овозможило на палестинските власти да ги користат средствата за активности кои „Австралија ниогаш не би ги поддржала“.

Средствата во износ од 7,4 милиони долари, што Авсралија досега ги донираше за Палестинците, ќе бидат пренасочени на сметка на Хуманитарниот фонд на ОН, кои потоа ќе бидат наменети за реализација на програми на Светската организација за здравствена заштита и обезбедување на храна и вода за палестинските територии.

Би можело да ве интересира

Либан: Над 70.000 луѓе се на улица и бараат засолниште

ВИДЕО: Израелската војска упадна во канцеларијата на Ал Џезира на Западниот Брег со наредба за затворање

Хезболах го изврши најдлабокиот напад во Израел од почетокот на војната

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Иран претстави оружје што ги прави работите на Блискиот исток понеизвесни

Предраг Петровиќ

Тројца загинати и стотина повредени во експлозиите на воки-токи во Либан, бројката не е конечна

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Втор бран напади во Либан, сега воки-токи експлодираат