Австралија ја доби првата пратка вакцини против Ковид-19 на „Фајзер“

Од:

Австралија следната недела ќе почне со вакцинирање на своето население против Ковид-19, откако денеска ја доби својата прва пратка вакцини од американската компанија „Фајзер“.

Владата соопшти дека над 142.000 дози пристигнале на пристаништето во Сиднеј. Меѓу првите вакцинирани на 22 февруари ќе бидат медицински лица, жители на домови за стари лица и вработени во хотели-карантин.

Австралискиот премиер Скот Морисон исто така ќе биде меѓу првите што ќе бидат вакцинирани во обид да ја зајакне довербата на јавноста во програмата.

Австралија одлучи да не ја забрза постапката за одобрување на вакцината со цел да се зголеми довербата на луѓето во безбедноста на вакцината на Фајзер.

Досега таа вакцина е единствената одобрена за употреба во државата. Националниот регулатор се очекува да ја одобри и вакцината на АстраЗенека.

Австралиските власти се согласија државата да добие 20 милиони дози вакцина Фајзер и да прими или произведе 53,8 милиони дози од вакцината на АстраЗенека.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча

Земјотрес во Австралија, епицентарот бил на 65 километри од Сиднеј

(ВИДЕО) Австралиец врзал мали деца откако ги фатил како се капат во базен

Во австралиските шумски пожари горат куќи, а топлотниот бран допрва ќе следи

ВИДЕО: Полицаец убил познат автралиски ТВ водител и неговто момче

Катерина Ѓуровски

Австралија: Околу 64.000 луѓе останаа без струја поради циклонот Кирили