Авсралија почна да транспортира илегални емигранти во Камбоџа

Од:

Австралија денеска транспортираше четворица илегални емигранти, кои бараа политички азил на Петтиот континент.

Тројца Иранци и еден припадник на племето Рохингја од Мјанмар, денеска им беа предадени на властите во Камбоџа, која пред извесно време за финансиски надомест, се согласи да ги прифаќа азилантите што ќе ги протерува Австралија.

Потегот за остварување на „тврдата политика за спречување на неконтролираната емиграција“ во Австралија, но и согласноста на Камбоџа да ги презема бегалците со финансиски надомест, повторно предзвика бранови на негодување на меѓународните организации и медиумите од југоисточна Азија.

Владата на австраликсиот премиер Тони Абот пред извесо време повеќе од категорично одби каква било соработка во решавањето на хуманитарната криза предизвикана од положбата на бегалците од Мјанмар и Бангладеш, што доведе до осуда на хуманитарни оганизации, но и официјални прекори од поголем број држави.

Речиси секојдневно крајбрежната стража на Австралија, често со употреба на груба сила, враќа бродови со бегалци. кои најчесто од Индонезија, се обидуваат да стасаат до австралискиот брег.

Првата гупа бегалци ќе ја преземат претставниците на Меѓународната организација за бегалци (ИОМ), чии претставници во Пном Пен изјавија дека за протераните азиланти Камбоџа ќе обезбеди пристојно сместување.

Би можело да ве интересира

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски