Аврамопулос: Инвазијата во Сирија носи опасност за мигрантско – бегалското прашање

Од:

Инвазијата во Сирија носи опасност илјадници бегалци да сакаат да ја поминат границата со Турција, а првата жртва, во тој случај ќе биде Грција, истакна комесарот за миграциска политика на ЕУ, Димитрис Аврамопулос говорејќи утрово на заедничката седница на комисиите за внатрешни работи, цивилна заштита и правда во грчкиот Парламент.

Во опширното и детално обраќање, Аврамопулос говореше за актуелната ситуација со бегалците и мигрантите, за Договорот ЕУ-Турција, како и за состојбата во Грција и за како што рече „недостатоците во државниот механизам”.

– Притисокот што во овој момент се врши врз населението на границата меѓу Турција и Сирија може да принуди илјадници Сиријци или и други кои живеат во тој дел да сакаат да ја поминат границата со Турција, вели Аврамопулос и додава дека во тој случај Грција би била првата жртва бидејќи прифатните центри односно т.н. „hot spots“ може да одговорат на притисоците, но не и на толку големи бројки со што тоа би било „катастрофално за Грција и за Европа”.

– Оние што се веќе депортирани се околу 1.300, а во овој момент требаше да се вратени 35 илјади. Што значи ова со бројки? Дека никој не требаше да биде на островите, истакна Аврампопулос и објасни дека ова се должи на недостатоци во државниот механизам, а како пример спомена дека во други земји прифатните центри се граделе за 15 дена, а на Грција и требало една година.

За Договорот ЕУ-Турција рече дека ако тој пропадне тогаш ситуацијата ќе биде многу тешка и за Грција и за Европа.

Еврокомесарот за миграциска политика сподели и нешто што како што рече порано не требало да го спомене, а се однесува на Шенген зоната. Во 2016 година двапати добил предлози за повторно да се воведе контрола на границите со Грција, а земји од централна Европа сметале дека „Грција не е способна да управува со заедничката европска граница, а со тоа нема место во Шенген зоната”.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски