Авион со натпис „Оланд оставка“ го надлета Нотр Даме де Лорет

Од:

Мал авион кој влечеше платно на кое пишуваше „Оланд оставка“ денеска го надлета Меморијалниот центар во Нотр Даме де Лорет, каде попладнево францускиот преседател Франсоа Оланд ќе открие споменик, јави дописникот на МИА од Париз.

Одговорноста за акцијата презеде Давид ван Хамерлик, кој раководи со групата „Оланд оставка“, посебно активна за време на протестите против бракот за сите. Тој притоа објави фотографии од својата акција на твитер профилот.

Авионот ја надлета зоната која во принципи денеска е забранета за летање, каде беше пресретнат од хеликоптери на француското Воено воздухопловство.

Попладневно, на Нотр Даме де Лорет се одржува главната свеченост на комеморациите во рамките на стогодишнината од почетокот на Првата светска војна.

Оланд ќе го открие споменикот, кој е дело на архитектот Филип Прост, на кој се испишани имињата на 580.000 војници загинати во регионот на Норд-Па де Кале во текот на Првата светска војна. Притоа Оланд треба да им оддаде почит на тројца загинати војници – француски, германски и британски.

Споменикот е поставен на ридот на кој се воделе бројни борби меѓу 1914 и 1918 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм