Авион на ОН мета на етиописката авијација

Од:

Етиопските воени воздушни напади врз главниот град на Тиграј денеска ги принудија Обединетите нации да го прекинат слетувањето на хуманитарен авион во Мекел.

Портпаролот на етиописката влада, Легесе Тулу изјави дека властите се свесни дека бил планиран лет на ОН во таа област, но рече дека летовите на ОН и воените авиони имаат различни времиња и насоки.

Засега не е познато колку етиописките воени авиони се приближиле до авионот на Обединетите нации.

Легесе рече дека воздушните напади врз градот Мекел биле насочени кон поранешен воен центар за обука што сега го користат силите на Тиграј.

Владата на Етиопија обвини некои хуманитарни групи во последните месеци дека ги поддржуваат силите на Тиграј и протера седум претставници на ОН минатиот месец, обвинувајќи ги без докази за лажно преувеличување на размерите на кризата во Тиграј.

Би можело да ве интересира

Абиј Ахмед: Етиопската војска нема да се повлече ни за сантиметар додека не се погреба непријателот

Ана Ололовска

Етиопскиот премиер им се приклучи на војниците на првата линија на фронтот со Тиграјците

Етиопскиот премиер Абиј Ахмед од денеска ќе ја предводи армијата од фронтот

Ана Ололовска

Илјадници Тигрејци притворени низ Етиопија, оценува невладина комисија за човекови права

А1он

„Боинг“ ја призна одговорноста за несреќата на „737 Макс“ на „Етиопијан ерлајнс“ во 2019 година

Катерина Павлова-Николовска

АИ: Борците на Тиграj од Етиопија силувале, ограбувале и тепале жени

Ана Ололовска