Авганистанските талибанци најавија пролетна офанзива

Од:

Талибанците најавија дека утре ја почнуваат пролетната офанзива против авганистанската Влада, силите на НАТО и нивните „дипломатски центри“ со посредство на бомбаши самоубијци и со уфрлени агенти.

Опрацијата „Халид бин Валид“, наречена според големиот војсководец на муслиманските војски од седми век, ќе почне утре во целата земја. Талибанците ги активираат акциите секоја година откако ќе се стопи снегот.

Талибанците прекусоопштение се закануваат со „колективни операции на маченици врз базите на странските окупатори, нивните дипломатски центри и воените аеродроми, со цел да предизвикаат големи загуби“.

Тие по повод планираното повлекување на силите на НАТО на крајот од следната година истакнаа дека „непријателот и покрај целата воена помош е принуден да побегне“.

Талибанците апелираа до владините претставници да се справат со корумпираната администрација, а свештениците и племенските водачи да ги спречат младите да се пријавуваат за работа во армија и во полиција.

Би можело да ве интересира

Експлозија во Кабул во близина на зградата на министерството, најмалку двајца загинати, 12 ранети

Ана Ололовска

ВИДЕО: Талибанците пронајдоа американски воени возила вредни седум милијарди долари

Горан Наумовски

Снежно невреме во Авганистан: Најмалку три лица загинаа, меѓу кои и едно дете

ВИДЕО: Снимен моментот кога силен земјотрес го погоди Авганистан

Ана Ололовска

Најмалку 157 Авганистанци починаа од студ

А1он

Талибанците во Авганистан камшикуваа девет мажи на стадион

А1он