Авганистанските талибанци ги затвораат дипломатските претставништва на земјата во САД

Од:

Авганистанските талибански власти ги затвораат дипломатските претставништва на земјата во САД седум месеци откако ја презедоа власта во Кабул, јави ДПА, повикувајќи се на дипломатски извори.

Амбасадата на Авганистан во Вашингтон и конзулатите во Њујорк и Лос Анџелес ќе престанат со работа во среда, изјави авганистански дипломат за ДПА во Вашингтон, кој побарал да остане неименуван.

Дипломатот го наведе „недостигот на ресурси“ како една од причините за затворањето, но не навлезе во детали.

Дипломатите кои досега работеа во САД беа именувани од поранешната влада во Кабул, поддржана од САД, која беше соборена од радикалните исламски талибанци во август минатата година. Со месеци немаат земено плата. Авганистанскиот дипломат рече дека се правеле напори операциите да продолжат до самиот крај.

Последен пат беше објавена порака на Твитер профилот на амбасадата во Вашингтон на 30 декември. „Во отсуство на средства од кој било извор, ние работиме напорно за да ја одржиме амбасадата отворена и да продолжиме да ги обезбедуваме нашите услуги. Остануваме со надеж дека еден ден Авганистан ќе постигне одржлив мир“, се вели во пораката.

По затворањето на мисиите, авганистанските дипломати ќе имаат 30 дена да поднесат барање за дополнителен престој во САД пред да бидат депортирани, објави Њујорк Тајмс минатиот петок, цитирајќи извори на американскиот Стејт департмент.

Но, тие нема да бидат вратени во Авганистан, иако не е јасно каде би заминале дипломатите, пишува ДПА.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан