Авганистанските новинари бараат ОН да ја гарантираат нивната безбедност

Од:

Авганистанските новинари потпишаа колективно писмо до ОН во кое повикуваат на нивна безбедност, објави телевизијата „Толо њуз“.

– Со оглед на тековните проблеми и зголемените закани по животите, имотот и семејствата на медиумските работници, би сакале да побараме поддршка од ОН за да ги спасиме нашите животи и животите на нашите семејства, го цитира писмото телевизискиот канал.

Локалната новинска агенција Пајхвок вчера соопшти дека Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) примила повеќе од 2.000 барања од авганистанските колеги за помош при евакуација од Авганистан, откако талибанците ја презедоа власта во земјата.

ИФЈ веќе побара од раководството на талибанското движење да организира безбедно заминување на авганистанските новинари од аеродромот во Кабул. Не е познато дали е добиен одговор од талибанците.

Според Џереми Дир, заменик генерален секретар на ИФЈ, талибанците не дозволиле новинарите со странски виза да го напуштат Кабул, оставајќи ја федерацијата беспомошна.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

Силен земјотрес го погоди Авганистан

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата