Авганистански војник уби двајца американски војници

Од:

Двајца американски војници се убиени, а шестмина се повредени во напад со митралез изведен од авганистански војник во источен Авганистан, соопшти американската војска.

– Според новите информации, едно лице во авганистанска униформа отвори оган од митралез врз заедничките американски и авганистански сили, рече денеска портпаролот на американските сили во Авганистан, Сони Легет.

Тој претходно потврди дека во нападот што се случил вчера во провинцијата Нангархар, тие војници биле мета на директен оган.

Гувернерот на провинцијата Шах Махмуд Мејакли, во аудио порака изјави за медиумите дека во нападот се повредени и тројца авганистански војници.

Тој рече дека засега не е јасно дали станува збор за намерен инцидент предизвикан од лице кое се инфилтрирало во американските и авганистанските сили или за несреќа.

Портпаролот на американските сили, исто така изјави дека причината за нападот засега е непозната.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан