Авганистански командоси ослободија 62 припадници на безбедносни сили од талибански затвор

Од:

Авганистански командоси ослободија 62 припадници на безбедносни сили од талибански затвор во северозападната провинција Бадгис, соопшти авганистанското Министерство за одбрана.

Тие биле ослободени од затворот за време на ноќна операција во областа Бала Мургаб, изјави членот за провинцискиот совет Мохамед Насир Назари за ДПА.

По ослободувањето, тие беа однесени во воена база, рече советникот.

Според Министерството за одбрана, за време на операцијата приведени се петмина талибанци, а неколку други загинале или се повредени.

Талибанските милитанти ја контролираат речиси целата област, освен воената база што се снабдува од воздух.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан