Авганистанската Влада повторно одбива да ослободи талибански затвореници

Од:

Авганистанската Влада утре нема да го спроведе планираното ослободување на 100 талибански затвореници, соопшти Националниот совет за безбедност, јави ДПА.

„Утре нема да дојде до ослободување затвореници“, соопшти денеска на Твитер портпалорот на Националниот советот за безбедност, Џавид Фејсел.

Според Фејсел, за време на вчерашната видео конференција, трета меѓу двете спротивставени страни, Талибанците се согласиле да испратат своја делегација во Кабул за да ги водат натамошните разговори со владините претставници, јави германската агенција.

Талибанска делегација се очекуваше да пристигне во затворот во Баграм за да ги види затворениците.

„Нивното заминување е откажано заради технички причини“, изјави во саботата портпаролот на талибанците Забихулах Муџахид.

И Талибанците и авганистанската Влада во четвртокот испратија сигнали дека се приближуваат кон договор за ослободување на затворениците, што е дел и од договорот меѓу САД и талибанците, потпишан минатиот месец. Сите страни, вклучително и САД соопштија дека 100 талибански затвореници ќе бидат ослободени до 31 март.

Подоцна владата соопшти дека талибанците не се согласиле за прекин на огнот, туку место тоа го зголемуваат насилството врз авганистанските сили.

„Ослободувањето затвореници е комплексен, технички и правен процес“, соопшти Фејсал во саботата, ден пред владините сили да ја одбијат предложената преговарачка делегација на талибанците.

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани на 11 март донесе указ со кој најави постепено ослободувањ ена 1.500 талибански затвореници, јави ДПА.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Талибанците го прогласија за национален празник денот кога замина последниот американски војник