Авганистан: 50 девојчиња отруени во училиште

Околу 50 авганистански девојчиња утрово се хоспитализирани, поради труење со токсичен гас, за кој се претпоставува дека се одговорни екстремисти кои што се против образование на жените во Авганистан.

-Педесетина ученички од средно училиште, од истокот на државата утрово се примени во болница, затоа што се жалеле на главоболка и вртоглавица-изјави порпаролот на локалната власт, Рохулах Самон.

Се уште никој не презеде одговорност за труењето на ученичките, а истрагата за инцидентот е во тек.

Во текот на изминатите две години, имаше повеќе од десетина вакви напади во Авганистан. Минатата година полицијата приведе повеќе од 18 осомничени, поврзани со нападите.

Властите веруваат дека ова е дело на исламски екстремисти кои што се против образование на девојчињата.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Најмалку шест жртви во експлозијата кај авганистански универзитет

Ана Ололовска

Во напад на талибанците загинаа 12 луѓе во Авганистан

ХРВ ги обвини авганистанските сили за убиство на цивили во рација на клиника

Ана Ололовска

Шест лица загинаа кога бомбаш-самоубиец се разнесе на свадба во Авганистан

Ана Ололовска

Најмалку 22 војници и цивили загинаа во два инцидента на северот од Авганистан

Ана Ололовска

Халилзад: Најновиот круг преговори со талибанците беше најпродуктивен досега

Leave a Comment

nineteen + seven =